Top Sport

Фрајбург ги „прескокна“ Баер на третото место во Бундеслигата

Фрајбург стигна до тешко извојувана 2:1 победа над Баер Леверкузен во дербито на 17. коло во Бундеслигата, така поминувајќи ги „фармацевтите“ на третото место во Германија, зад Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

По одличниот старт на сезоната, Фрајбург падна во мини-криза, од која полека излегува со овие три поени. Винченцо Грифо во 33. минута од пенал ги донесе домаќините на водство на „Еуропа-Парк“, но Баер израмни преку ветеранот Карлес Арангиз. Човек на одлука беше младиот талент на Фрајбург, Кевин Шаде, кој стрелаше во 84. минута за 2:1 победа.

Фрајбург сега се трети со 29 поени, еден повеќе од Баер, и пет зад второпласираната Борусија Дортмунд. Лидерот Баерн бега фантастични 14 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top