Поранешниот американски боксер Мајк Тајсон вели дека е голем љубител на тенисот и дека Новак Ѓоковиќ му е омилен тенисер.
Тајсон своевремено беше светски шампион во тешка категорија, но денес е мирен, деловен човек кој се занимава со производство во кое ја користи марихуаната како суровина. Тој има свој подкаст.
Тајсон го следи светскиот тенис, а за тоа главен „виновник“ е неговата ќерка Мила која тренираше и со Серена Вилијамс.
„Тенисот ми го промени животот, мислев дека знам се сешто и дека конечно успеав во животот. Сепак, ништо не е поголемо од тениските успеси на мојата ќерка. Таа е поголема од се. Веќе ја гледам како станува нешто, има самодоверба и тоа ми се допаѓа“ вели Тајсон во тек со разговорот со тенискиот тренер, Муратоглу на својот подкаст „Hotboxin”.