Една од најпознатите компании што се занимава со спортска анализа, Опта, ги објави своите прогонизи за Светското првенство во Русија. Опта, прогнозираше кои репрезентации ќе ја минат првата фаза и кој им најголеми шанси да стигне до светската титула.
Според анализата на Опта, пласман во осмина-финалето, ќе изборат: Уругвај и Египет (А група), Шпанија и Португалија (Б група), Франција и Перу (Ц група), Аргентина и Хрватска (Д група), Бразл и Србија (Е група), Германија и Шведска или Мексико (Ф група), Белгија и Англија (Г група), Колумбија и Јапонија (Х група).
Најмногу шанси, според Опта, за осовојување на титулата има Бразил (13,2 отсто), а следуваат Германија (10,2 отсто), Аргентина (10,1 отсто), Франција (9,9 отсто) и Шпанија (8,9 отсто)…