Top Sport

Дембеле ќе го обнови договорот со Барса, уште не се договорени условите

Фудбалерот на Барселона, францускиот играч од средниот ред – Усман Дембеле (24), најверојатно ќе остане во Барселона.

„Фут Меркато“ пишува дека тој се согласил да го обнови договорот со каталонскиот клуб, но се уште не се договорил за условите.

Оттаму велат дека секако ќе остане на „Ноу Камп“ иако од клубот му кажале дека треба до крајот на годинава да се изјасни.

Каталонците, наводно, се подготвени да понудат договор на само 2 години за играчот да има слобода.

Дембеле во Барселона е од 2017 година. Тогаш за 135 милиони евра се пресели од Борусија Дортмунд. Неговиот договор со клубот истекува 30. јуни 2022 година.

Scroll to Top