Фудбалерот на Арсенал Роб Холдинг (26) сезонава има мала минутажа во тимот на Микел Артета, а практично единствената шанса ја доби во мечевите од ЕФЛ купот. Против Сандрленд во четвртфиналето беше и капитен, а неговото појавување на тој меч изненади многумина.
Сезонава одигра само 7 меча, од кои 3 уште во август.
Холдинг очигледно пресадил коса и сега воопшто не наликува на себе од почетокот на сезоната.
Дефанзивецот на почетокот на сезоната беше кратко пострижен за да го прикрие губитокот на коса. Сега ситуацијата е драстично променета.
Во фудбалскиот свет на ваков чекор досега се одлучија поранешната легенда на Манчестер Јунајтед – Вејн Руни и актуелниот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте.