Top Sport

Ромео Бекам стана дел од „Пума“, идол му е Тјери Анри!

Синот на Дејвид Бекам, и фудбалер на Интер Мајами, Ромео Бекам, уште без вистински постигнувања на фудбалскиот терен, доби спонзорски договор од еден од најголемите спортски брендови на светот, „Пума“, и посебна порака од нивната прва ѕвезда, Нејмар.

Бекам, кој игра за резервниот тим на Интер, Форт Лодердејл ФЦ, наполни 19 години во септември, и сега ќе биде дел од рекламната кампања „Фјучр З“ на германската компанија. Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар, кој е едно од најпознатите имиња на „Пума“, веднаш му пратил порака на тинејџерот.

Бекам Јуниор призна дека Нејмар му е еден од фудбалските идоли, заедно со Тјери Анри, кој беше ѕвезда на Арсенал и еден од ривалите на неговиот татко.

„Нејмар е фантастичен играч и обожувам да го гледам како игра. Ми прати порака кога ме виде со ‘Пума’ и тоа ме усреќи. Но, еден од моите омилени фудбалери секогаш бил Тјери Анри, кој постигнуваше неверојатни голови. Да можам да имам квалитети на двајца фудбалери на планетата тоа би биле Тјери и секако, мојот татко“, изјави Бекам Јуниор.

За Ромео Бекам постојат „посебни“ инструкции, критичарите велат игра како мајка му!

Scroll to Top