Тренерот на Милан, Стефано Пиоли потврди дека за време на божиќните празници ќе ја искористи технологијата и ќе организира тренинзи на својот тим преку „Зум“.
Иако многу професии целосно ја искористуваат техјнологијата на комуникација на далечина, но сега во КОВИД-ерата, и спортот ја прифати можноста. Иако нема мечеви во Серија А до 6 јануари, Пиоли сака да ја заддржи кондицијата на фудбалерите за време на паузата.
„Им кажав на момците дека ќе тренираме преку ‘Зум’ на 27 и 28 декември, а потоа ќе продолжиме заедно во Миланело на 30 декември“, вели Пиоли.