Иако поминаа помалку од две недели од крајот на Ф1 сезоната 2022, работата во овој спорт никогаш не застанува, што најдобро го покажаа во Мерцедес, тимот кој ги освои последните осум титули кај конструктори, кои веќе го запалија првпат моторот за следната сезона.
„Сребрената стрела“, објави видео од палењето на моторот во нивната база во Брекли, каде што преку видео-порака им се јави и шефот на тимот Тото Волф.
По драматичното губење на титулата кај возачите на Луис Хамилтон, најмногу шпекулации има околу иднината на Британецот, и дали ќе биде зад воланот на В13 болидот во 2022, кој ќе ја стартува сезоната во март во Бахреин со нов партнер во Џорџ Расел.