И покрај тоа што повеќе европски клубови се обидуваат на некој начин да не ги пуштат своите ѕвезди на Африканскиот куп на нации (АФЦОН), Сенегал ги повика своите најголеми ѕвезди, вклучувајќи го напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане.
Селектор Алиу Сисе повика 27 фудбалери за шампионатот во Камерун, вклучувајќи го и капитенот, Калиду Кулибали и покрај најавите на Наполи за „тужба“, но прва ѕвезда на тимот несомнено е Мане, актуелниот најдобар африкански фудбалер кој ги предводеше до финалето во Египет во 2019 година. Сенегал се во групата Б каде што се со Зимбабве, Гвинеја и Малави.
Во тимот е и Папа Геје, поранешниот јуниорски француски репрезентативец, кој лани дебитираше за Сенегал.
СЕНЕГАЛ НА АФЦОН 2022
Голмани: Сени Диенг (КПР), Алфред Гомис (Рен), Едуар Менди (Челси)
Одбрана: Фоде Бало-Туре (Милан), Салиу Сис (Нанси), Папе Абу Сисе (Олимпијакос), Абду Дијало (ПСЖ), Калиду Кулибали (Наполи), Чејку Кујате (Кристал палас), Ибрахима Мбаје (Болоња), Буна Сар (Баерн Минхен), Абдулаје Сек (Антверпен)
Среден ред: Идриса Гана Геје (ПСЖ), Папа Геје (Марсеј), Жозеф Лопи (Сошо), Мамаду Лум (Алавес), Нампалис Менди (Лестер), Мустафа Наме (Париз ФЦ), Папа Матар Сар (Мец)
Напад: Кеита Балде (Каљари), Булаје Дија (Вилјареал), Фамара Диедиу (Аланија), Хабаб Дијало (Стразбур), Баба Диенг (Марсеј), Садио Мане (Ливерпул), Исмаила Сар (Вотфорд), Маме Баба Тијам (Кајзериспор).