На Јирген Клоп не му се допаѓа ривалот Барнли. Ова станува уште појасно по последната изјава за тимот на Шон Дајч, кога малку потценувачки изјави дека тие би биле против пет замени во еден натпревар во Премиерлигата, посочувајќи дека не се доволно добри да пратат играчи на интернационална пауза.
Во минатото тој ги критикуваше Барнли за нивната „физичка“ игра, а оваа година имаше еден интересен дуел со Дајч. Зошто мораше да ги споменува Барнли, кога со нив играат дури на 13 февруари, не е јасно.
Ливерпул се еден од клубовите кои бараат враќање на петте замени кои беа воведени поради коронавирусот, кои уште се на сила во Ла лига, Бундеслигата и Серија А.
Klopp and Sean Dyche are having tough time ???? pic.twitter.com/o4avSaQpgM
— ?Tami's ?? (@RedTams) January 22, 2021
„Тоа што го сфативме на состанокот на менаџерите, и знаеме дека секогаш било така, е дека 14 клубови прават одлука за промена. Тоа е потребно. Еве пример. Со Барнли, не сум сигурен дали некој од нивните фудбалери има интернационална пауза. Кога нашите фудбалери ќе играат три натпревари, нивните фудбалери немаат натпревари. Имаат 38 меча во Премиерлигата и три или четири куп натпревари, за околу 42 меча годишно. Тие го немаат нашиот проблем, но одлучуваат за тоа. Петте замени се вистинската одлука, посебно во овој момент, по ковид-кризата, и тоа е вистински проблем“, вели Клоп.
Барнли, сепак, за волја на вистината имаат 9 интернационалци, кои во последната календарска година играле за своите репрезентации (иако можеби не биле стандардни во првиот тим). Меѓу нив се Максвел Корнет од Брегот на Слоновата Коска, Матеј Видра од Чешка и Јохан Берг Гудмундсон од Исланд.
? "Burnley I'm not sure how many players of them play international football, when our players have three games they have no game."
Jurgen Klopp outlines the problems with having the rule of 14 Premier League clubs voting in favour of changes like five substitutions pic.twitter.com/OIbGeqJyLE
— Football Daily (@footballdaily) December 27, 2021