Доминик Парис победи на трката во спуст, која се одржа во Бормио. Парис до првата победа оваа сезона дојде со резултат 1:54.63 минути. Интересно, ова е прва победа за скијач од Италија од почетокот на сезоната.
Парис, потврди дека му „лежи“ патеката во Бормио. Денес тој шести пат во кариерата победи на оваа патека.
Второто место му припадна на лидерот во генералниот пласман, Марк Одемарт, додека на третото место трката ја заврши Нилс Хинтерман.
Со денешната победа, Парис, го презеде водството во вкупниот пласман во оваа дисциплина. Италијанецот има десет поени повеќе од Матијас Мајер кој во Бормиот го освои 12.место.
Мајер е втори и во генералниот пласман, тој има речиси 286 бода помалку од лидерот Одемарт.
This is how you claim the title of king of the hill… Check out how Dominik Paris wins his 6th downhill World Cup win in Bormio? #fisalpine pic.twitter.com/I2NQRb2T7u
— FIS Alpine (@fisalpine) December 28, 2021