Top Sport

Крај на сезоната за Бен Чилвел

Бен Чилвел, левиот бек на Челси ја заврши сезоната. Чилвел има повреда на вкрстениот лигамент во коленото.

Чилвел се повреди пред еден месец, против Јувентус, во Лигата на шампионите.

Повредата на Чилвел, веројатно ќе го натера клубот да биде активен во зимскиот преоден рок. На оваа позиција, менаџерот Томас Тухел, го има само Маркос Алонсо. Во формација со тројца во одбраната, левата страна може да ја покрива Калум Кадсон-Одои.

Англиските медиуми не ја исклучуваат можноста, Челси да го врати Емерсон Палмиери. „Сините“, на почетокот на сезоната го испратија Емерсон на позајмица во Лион.

Scroll to Top