Top Sport

Монако за тренер го сакаат најдобриот Белгиец

Монако се во потрага по нов тренер, откако (не)очекувано, претседателот на клубот, Олег Петров, му врачи отказ на Нико Ковач.

Прв пик на клубот од „малото кнежевство“ е тренерот на Клуб Бриж, Филип Келман.47-годишникот неколку сезони е најдобра во Белгија. Со своите клубот тој во последните три години е шампион на Белгија. Во 2019 година лигата ја освои со Генк, а изминатите две години доминира со Клуб Бриж.

Прашање е само дали Клемон сака да се пресели во Монако. Тој има договор со клубот.

Другите две имиња кои се поврзуваат со Монако се Паоло Фонсека, поранешен тренер на Рома и Шахтјор, односно Џеси Марш, кој пред три недели доби отказ во Лајпциг. Американецот претходно го предводеше Салцбург.

Монако, првиот меч во 2022 година ќе го одигра во Купот, против Руен, а на 9,јануари го чека натпревар против Нант во Лига 1.

Scroll to Top