Напаѓачот на Интер, Един Џеко и уште двајца фудбалери, се позитивни на коронавирусот, објави во петокот италијанскиот шампион. Тројцата се во домашен карантин.
Покрај Џеко, позитивни тестови добиле голманот Алекс Кордас и дефанзивецот, Мартин Сатријано.
35-годишниот Џеко, во првиот дел од сезоната постигна осум гола во Серија А.
Интер првиот натпревар во 2022 година ќе го одигра на 6.јануари против Болоња.