Top Sport

Нема бунт во тимот, сите Шпанци посакуваат успех во Русија

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес, рекол дека во редовите на националниот тим не се случил никаков бунт, поради отказот што му беше врачен на селекторот Хулен Лопетеги.

Шпанските репрезентативци веќе одработија тренинг со новиот селектор, Фернандо Јеро, кој до вчера беше спортски директор на репрезентацијата.

Веднаш откако Лопетеги доби отказ, одредени медиуми шпекулираа дека дел од играчите не се согласуваат со неговата смена.

Рубиалес ги негира ваквите шпекулации и потенцира дека играчите имаат желба да направат голем резултат на СП.

foto: epa

„Ги разгледав сите опции, ги слушнав сите предлози, а одлуката е само моја. Играчите се подготвени да направат голем резултат во Русија и во тимот нема никаков бунт. Играчите работат добро. Фудбалерите на Јеро му посакаа добредојде и му порачаа дека до смрт ќе бидат со него. Исто така тие ќе бидат со капитенот Серхио Рамос“, рекол Рубиалес.

Како Шпанците ќе се снајдат во оваа ситуација ќе покажа веќе првиот меч што ќе го одиграат в петок од 20 часот против Португалија.

Scroll to Top