Стефанос Циципас не настапи во првиот меч на АТП купот во Сиднеј.
Циципас се повлече пред почетокот на дуелот со Хуберт Хуркач. Од грчкиот тим информираа дека нивниот најдобар играч се откажал поради повреда на лактот.
Очигледно Циципас, се уште не е доволно подготвен за најголемите напори. Тој пред неколку месеци имаше операција на лактот.
На теренот него го замени Аристотелис Танос. Хуркач немаше проблем против 1.076 играч на АТП листата, победи со 6/1, 6/2.