Њукасл јунајтед ги контактирале Арсенал за можен трансфер на нивниот поранешен капитен Пјер-Емерик Обамејанг овој месец, со што би решиле голем проблем во својот напад, и во исто време би ја „расчистиле“ ситуацијата кај „топчиите“, тврди „Дејли мирор“.
Габонскиот напаѓач неодамна ја загуби капитенската лента од страна на менаџерот Микел Артета поради дисциплински прекршоци, и би заминал на „Сент Џејмс парк“ како позајмен фудбалер со опција да го заддржат постојано за 20 милиони фунти.
За Обамејанг беа заинтереирани и повеќе шпански и италијански клубови, но тешко остварливо е да се случи трансфер надвор во јануари.