Ексшампионот, Катарецот Насер Ал-Атијах стигна до лесна победа на првата етапа на Дакар релито 2022, додека Ауди имаа катастрофален ден во Саудиска Арабија, кој практично стави крај на надежите на рекордерот Стефан Петерхансел за нова победа.
Во првиот дел од 333 километри долгата етапа окол Хаил, Ал-Атијах беше под притисок на тројцата возачи на Ауди, а Петерхансел беше на само шест секунди од него по првите 120 километри.
14-кратниот шампион Петерхансел беше првиот кој доживеа катастрофа, оштетувајќи го својот РС К со скршена оска и чекаше повеќе од четири часа да пристигне сервисниот камион.
По ова, Карлос Саинс (постариот), загуби повеќе од два часа откако не успеа да пронајде мерната точка, за на крајот третиот возач на Ауди, Матијас Екстром во финишот да има механички проблеми.
Поради овие проблеми, Ал-Атијах во својата Тојота стигна до убедлива победа со предност од 12:44, и во исто време Себастиен Леб стана втор во генерален пласман со неговиот Бахреин Реид Екстрим тим.