Челси се врати од 0:2 негатива за 2:2 по првите 45 минути од големото англиско дерби со Ливерпул на „Стемфорд Бриџ“, инспирирани од неверојатниот гол кој го постигна хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ.
Садио Мане уште во 9. минута ги донесе Ливерпул во водство, пред Мо Салах со фантастичен гол да зголеми на 0:2 во 26. минута и да најави катастрофа на Челси. Меѓутоа, тогаш на сцена стапи Ковачиќ, кој постигна гол кој не се бранеше во 42. минута, пред Кристијан Пулишиќ по истекот на 45-те минути да израмни за најава за блескаво второ полувреме.