Top Sport

Дакар: Втората етапа за Леб и Бреда

Втората етапа на релито Дакар, во Саудиска Арабија, заврши со победи на Себастијан Леб и Џоан Бреда. Поранешниот ас во Мото ГП, Италијанецот Данило Петручи, поради дефект не ја заврши етапата.

Втората етапа се возеше од Хаила до Ал Артавија.

Легендарниот Себастијан Леб, ја забележа првата етапна победа за тимот „Продрајв“. Ова е 15.етапна победа за Леб на релито со што се израмни на вечната листа со сонародниците Жан-Луј Шлесер и Бруно Саби.

Второто место му припадна на Насер Ал-Атијах од „Тојота Газу Рејсинг“, а трет етапата ја заврши Карлос Саинс од „Тим Ауди спорт“.

Ал-Атија е лидер во вкупниот пласман, тој има девет минути и 16 секунди предност во однос на Лев, трет е Лусио Алварес од „Овердрајв Тојота“.

Кај мотороите победи Шпанецот Џоан Бреда. Целта ја мина за три часа, 31 минута и 20 секунди. Втор етапата ја заврши Сем Сандерленд од „Гасгас фектори рејсинг“, а трет беше Кевин Бававидес од „Ред Бул КТМ“.

По оваа етапа првото место го презеде Сандерленд со две минути и 51 секунда предност во однос на Адриен ван Беверен од „Монстерс енерџи Јамаха“.

Третата етапа на програмата е утре од Ал Артавија до Ал Квајасума. Етапата е долга 368 километри.

Scroll to Top