Антоан Гризман направи вистинска драма, откако на посебен ТВ-програм на шпанската „Мовистар“ објави дека дефинитивно останува во Атлетико Мадрид и покрај желбата на Барселона да го донесе во своите редови.
Во специјален ТВ-програм со наслов „Одлука“, што според многумина е само бледа копија на објавата на Леброн Џејмс за трансфер во Мајами хит во 2010 година, Гризман имаше две снимени верзии (едната со останува, другата со заминува).
На крајот, одлуката беше доста едноставна и Гризман ја објави на Твитер со порака: „Мои навивачи, мој клуб, мој дом“. Документарниот филм започна со најавата дека Гризман мора да направи голема одлука, по што неговата сестра, која му е и агент, му ги објаснува опциите.
„Решив да останам“, е конечната изјава на Гризман.
Бизарниот „пи ар“ пристап за одредувањето на иднината на напаѓачот кој Диего Симеоне го направи еден од најдобрите во Европа, налути многу фанови кои сметаат дека се работи за лоша „копија“ на славната одлука на Леброн од пред осум години.
Атлетико претходно признаа дека ќе направат сѐ да му „угодат“ на Гризман, носејќи го неговиот сонародник Томас Лемар од Монако, и најавувајќи нови засилувања на клубот.
На крајот, сагата која траеше речиси цела година заврши и фановите на „јорганџиите“ можат да здивнат.
Mi afición, mi equipo, MI CASA! @atleti ?⚪?
Mes supporters, mon équipe, MA MAISON ! @AtletiFR ?⚪?
My fans, my team, MY HOME!!! @atletienglish ?⚪? pic.twitter.com/ByD8Cju5Yb
— Antoine Griezmann (@AntoGriezmann) June 14, 2018
“He decidido quedarme”. @AntoGriezmann #LaDecisión pic.twitter.com/ipo5RGNifs
— Movistar+ (@MovistarPlus) June 14, 2018