Top Sport

Сериозни тензии и конфликти во соблекувалната на Манчестер јунајтед

Наместо да дојде до стабилизирање на тимот и на формата, пристигнувањето на Ралф Рангник како привремен менаџер на Манчестер јунајтед придонело да се направи сериозна тензија меѓу фудбалерите и бунт против неговиот систем на работа и неговите помошници, тврдат британските медиуми.

Рангник го доби едно од најголемите менаџерски места во светот на фудбалот на крајот на ноември како замена за Оле Гунар Солскјер, но подобрувањата не дојдоа – засрамувачкиот пораз од 0:1 од Вулверхемптон на почетокот на 2022 само покажа колку е голема „дупката“ во тимот на Јунајтед, кои се само седми на табелата.

Според „Сан“, повеќе ѕвезди на Јунајтед сметаат дека одредени поискусни членови на тимот имаат премногу влијание на одлуките на германскиот менаџер, кој навнодно исто така преферира дел од фудбалерите и покрај тоа што не покажуваат најдобра форма на теренот.

„Фудбалерите имаат свои групи, кои работат еден против друг. Сите се деморализирани и има чувство на дежа ви во тимот. Фудбалерите не се физички неподготвени, туку немаат желба и жар и има чувство дека некои се во тимот без разлика на перформансите“, вели анонимниот извор за „Сан“.

Покрај ова, „Дејли мејл“ тврди дека атмосферата во соблекувалната на Јунајтед е „загушувачка“, а дел од фудбалерите сметаат дека ова е „најлошото што го искусоиле досега“.

Лук Шо по поразот од Вулверхемптон јавно обвини дека на дел од фудбалерите им недостасува мотивација, посветеност и тимска игра, а поранешниот капитен Гери Невил ги обвини Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш дека не даваат вистински пример на помладите фудбалери.

Хаос.

Scroll to Top