Симоне Инзаги вели дека сака и неговиот Интер да го чувствува тоа што тој го чувствува – „мотивација, а не притисок“, при гостувањето на лидерите на Серија А кај Болоња на „Ренато Дал’Ара“
„Нераѕурите“ се без Един Џеко и Алекс Кордаз со позитивни тестови на КОВИД-19, додека Хакан Чалханоглу е суспендиран, додека во Болоња недостасуваат повеќе фудбалери поради настапите на Африканскиот куп на нации. Интер лани ја освоија титулата под Антонио Конте, и кога се веруваше дека тимот ќе има значителен пад по заминувањето на Ашраф Хакими и Ромелу Лукаку и пристигнувањето на Инзаги на клупата, тој успеа да ги направи зимски шампиони и да се пласира во осминафиналето на ЛШ. Инзаги не сакаше да го коментира Лукаку.
„ Тоа е нешто што не ме засега мене. Можам само да кажам дека Лукаку е голем фудбалер кој имаше две одлични сезони тука, а со мене работеше само 10 дена и сигурен сум дека ќе биде одличен и во Челси. На Интер му е потребен ентузијазам и мотивација, не притисок. Знаеме дека сме лидери и дека сите ќе сакаат да ни направат проблеми. Никој не мислеше дека сме фаворити пред два месеци, а сега не фалат. Целта е да се освојуваат трофеи и ништо друго“, вели Инзаги.