Браселона во наредниот период ќе биде без Роналд Араухо. Уругваецот се здобил со фрактура на десната рака, поради што ќе мора да паузира неколку месеци.
Повредата на Араухо претставува сериозен удар за Барселона. Араухо е најдобриот дефанзивец во тимот на Чави Ернандез. Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона непланирано ќе мора да бара засилување на позицијата која ја покрива Уругваецот.
Чави, нема доверба во Клеман Ленгле, Мингеза и Самуел Умтити, што значи дека во срцето на одбраната ги има само Ерик Гарсија и Џерар Пике.
Барселона најверојатно ќе се обиде да пазари во Челси. Тројца играчи од одбраната на „сините“ ќе бидат слободни по завршувањето на сезоната, тоа се Сесар Аспиликуета, Антонио Ридигер и Андреас Кристенсен.
Целта на Чави е Кристенсен, кој ги прекинал преговорите со Челси околу новиот договор.