Поранешниот директор на Австралија опен, Пол Мејнеми, во авторски текст пишува дека третманот што го доби Новак Ѓоковиќ е лош за угледот и репутацијата на Австралија.
„Новак Ѓоковиќ доби виза. Сега проблемот е вакцинацијата. Но, јасно беше дека тој не е вакциниран. Дали поради тоа што не верува во вакцинацијата или поради тоа што два пати бил заразен со коронавирусот, тоа ние не го знаеме. Во секој случај има право да избира, но секако дека тука се и последиците. Тоа значеше дека во Мелбурн може да игра само доколку добие медицински исклучок. Ви се допаѓало тоа или не, фактот дека постои медицински исклучок како опција, на играчите им беше претставена пред повеќе месеци“, пишува Мекнеми и додава.
„Со тоа што не е вакциниран, Ѓоковиќ реши да се коцка и да ги прифати последиците. Да тој беше свесен дека нема да дојде во Австралија доколку не му биде прифатен медицинскиот исклучок. Новак Ѓоковиќ не го измисли тоа правило. Имаше виза за влез во Австралија, доби медицински исккулок од две независни, компетентни тела. Поради тоа веруваше дека тоа е крај на процесот. Значи, каде настана проблемот? Сигурни не настана во Европа, таму целата документација беше во ред и му беше одобрено да полета кон Мелбурн. Проблемите се случија на нашата граница“.
Мекени, потоа пишува дека федералната влада истакнува дека Ѓоковиќ не ги исполнил критериумите.
„Тоа може да значи дека медицинскиот исклучок не е ист за федералната влада и владата на Викторија. Сите знаеме дека во последните две години има прекин во комуникацијата помеѓу властите. Правилата секојдневно се менуваат, невозможно е да се следат. Дали тука е вклучена политиката? Мислам дека информацијата дека Ѓоковиќ ќе пристигне во Мелбурн, не беше добро прифатена во заедницата која две години е малтретирана со секакви мерки. Секој негов чекор се следеше под микроскоп. Не мислам дека ова е политичка одлука, мислам дека е бирократска грешка“.
Поранешниот најдобра дубл-играч и двоен освојувач на Девис купот со Австралија, мисли дека она што му се случува на Ѓоковиќ не му се случило на ниту еден играч во историјата на Австралија опен.
„Не е важно да ли ви се допаѓа Ѓоковиќ или не, тој стои зад своите убедувања и тој ги испочитувал сите поставени правила. Одлуката да му се забрани влезот можеби е популарна за голем број луѓе, но не е добра за АО и меѓународната репутација на Австралија, како отворена, чесна и гостопримлива нација“, заклучува Мекнеми.