Top Sport

Вујовиќ: ЕХФ треба да го откаже Европското првенство

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, смета дека ЕХФ, треба да го одложи Европското првенство. Според Вујовиќ, нема никаква логика да се игра првенството, кога речиси сите репрезентации мака мачат со коронавирусот.

„Искрено, не ми е јасно на кого му е во интерес турнирот да се одржи. Која е логиката, репрезентациите со пет-шест заразени да се појават на првенството. Или доколку некој добие позитивен тест во текот на шампионатот треба да биде во изолација, а по десет дена пауза да се врати на теренот. Тоа само го зголемува ризикот од повреди. Ова нема врска со здравиот разум. каков ракомет ќе гледаме? Никаков“, рекол Вујовиќ за хрватскиот портал „Индекс“.

„Претпоставувам дека државите организатори ќе воведат некакви мерки, не е исклучено турнирот да се игра без публика. Тогаш ќе ги прашам тие мудри луѓе за кого се игра ЕП? Мислам дека ЕП треба да биде откажано. Нема да пропадне светот ако пропуштиме еден турнир“.

Европското првенство во Словачка и Унгарија треба да започне на 13.јануари.

Scroll to Top