Новата 2022 година започна драматично за тимот на Лацио, откако на „Олимпико“ едвај извлекоа 3:3 реми со Емполи со 2:3, откако во финишот прво им беше поништен еден гол, а потоа утнаа пенал!
Мечот започна со фуриозна игра на гостите и два гола за само 8 минути. Недим Бајрами уште во шестата минута од пенал ја затресе мрежата на домаќините, пред Шимон Зурковски две минути подоцна да зголеми на 0:2.
Лацио се созедоа и во 14. минута намалија на 1:2 преку Чиро Имобиле, пред во 66. минута, Сергеј Милинковиќ-Савиќ да израмни на 2:2. Федерико ди Франческо во 75. минута пак ги донесе Емполи во водство, пред прво на Патрик во 78. минута да му биде поништен гол поради играње со рака, а потоа во 85. минута Имобиле да утне од белата точка. Сепак, поен за тимот на Маурицио Сари обезбеди Милинковиќ-Савиќ со својот втор гол во 93. минута од мечот.
СЕРИЈА А, 20.КОЛО
Лацио – Емполи 3:3
Специја – Верона 1:2
MILINKOVIC-SAVIC ⚽⚽?
QUE JOGÃO ! 3 A 3 ! EU TE AMO SERIE A ❤️??#LazioEmpoli #ItalianoFOXSports #SerieATIM
— Calcio24Horas (@Calcio24Horas) January 6, 2022