Ситуацијата околу Новак Ѓоковиќ и неговиот обид да влезе во Австралија полека ги надминува спортските рамки, со многу политички пораки, страствени одбрани и напади на тенисерот, нови прекари (Новак – No Vax – без вакцини), и најинтересно со оро пред хотелот за имигранти каде што е „сместен“ Ѓоковиќ.
Во Белград, неговиот татко, Срѓан Ѓоковиќ зборуваше за неправдата кон Србите, за скотови (австралискиот премиер Скот Морисон), за поддршката која неговиот син ја има од целиот свет, Рафа Надал од Австралија му порача на Србинот дека „самиот така си избрал“, српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека се работи за „лов на вештерки“, Австралијците велат „за сите важат правилата, и за богатите“, а во Мелбурн, се игра оро…
The Serbs are partying outside Novaks hotel. pic.twitter.com/9ie1ED1p6y
— The Juggernaut (@TheJuggernaut88) January 6, 2022