Уругвајскиот дефанзивец, Хосе Хименес потпиша нов пет годишен договор со Атлетико Мадрид, со што ја обезбеди својата иднина во клубот од „Ванда Метрополитано“ до 2023 година.
Хименес во Атлетико пристигна во 2013 година, досега има одиграно 134 натпревари и заедно со сонародникот Диего Годин и Црногорецот Стефан Савиќ е клучен играч во одбраната на Атлетико, која според многумина е најдобрата во Европа.
„Сречен сум и благодарен на довербата што ја добив од клубот. Од моментот кога пристигнав клубот „порасна“, освоивме неколку трофеи и го позициониравме Атлетико меѓу водечките европски тимови. Имаме спектакуларен стадион и одлична група на луѓе“, рекол 23-годишниот дефанзивец.
Откупната клаузула во договорот на Хименез сега ќе изнесува 120 милиони евра.
Младиот дефанзивец ќе биде еден од клучните играчи на Уругвај на СП во Русија. Уругвајците денес против Египет ќе го одиграат првиот натпревар на СП.