Top Sport

Легендарниот Биелса ќе му биде тренер на Алиоски

Она што беше најавувано изминатите неколку недели, дека Марсело Биелса ќе биде новиот менаџер на Лидс јунајтед, денес доби официјална потврда.

Искусниот Аргентинец и ментор на Пеп Гвардиола, од наредната сезона ќе го предводи тимот чии дрес го носи македонскиот репрезентативец Алиоски.

Поранешниот аргентински селектор ги финиширал преговорите откако преку електронска пошта го испратил потпишаниот договор во Лидс. Официјалната промоција тренерот чии прекар е „Лудак“ ќе ја има наредниот викенд, а потоа тимот ќе ги започне подготовките за новата сезона.

Лидс петта сезона во низа ќе ја започне со нов тренер.

Биелса остана без работа кон крајот на минатата година кога доби отказ во Лил, откако на 13 натпревари не успеа да забележи победа.

Scroll to Top