Шпанците изборија пласман во финалето на АТП купот во Сиднеј. Шпанија по двата меча во сингл избори финале.
Првиот поен на Шпанија и го донесе Пабло Карењо-Буста кој го декласира Зјелински со 6/2, 6/1.
Многу драма донесе вториот меч, во кој се сретнаа најдобро рангираните во своите репрезентации Роберто Баутиста Агут и Хуберт Хуркач.
Агут го доби мечот по три часа голема борба. Првиот и третиот сет, Шпанецот ги освои во тај-брејк, а вториот му припадна на Хуркач со 6/2.
Шпанија во финалето ќе игра против Канада или Русија.