Светската фудбалска федерација (ФИФА) го објави триото кое ќе се бори за наградата „ФИФА БЕСТ“ како најдобар фудбалер во 2021, давајќи му шанса на Роберт Левандовски да му се „одмазди“ на Лионел Меси за поразот во гласањето за „Златната топка“.
ФИФА од 2016 се одвои од „Франс фудбал“ во доделувањето на годишната награда која сега е наречена едноставно „The Best“, и очекувано Полјакот Левандовски и Аргентинецот Меси се меѓу кандидираните, а овојпат правдата е задоволена со тоа што во борба со нив е и напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах.
Лани победата ја однесе Левандовски за разлика од „Златната топка“ која беше одложена поради коронавирусот. Доделувањето на наградата ќе се случи на 17 јануари. Досегашни победници на „ФИФА БЕСТ“ се Кристијано Роналдо (двапати), Лионел Меси и Лука Модриќ.
?? The final three in the running to be #TheBest FIFA Men's Player 2021!
?? Who should be crowned #TheBest in the world?
?? @lewy_official | @pzpn_pl
?? Lionel Messi | @Argentina
?? @MoSalah | @EFA pic.twitter.com/1kVGi5nRZ9— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) January 7, 2022