Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте вели дека поранешниот фудбалер на клубот, Кристијан Ериксен секогаш е добредојден назад, откако Данецот најави дека сака да ја продолжи кариерата по срцевиот напад кој го доби на ЕУРО 2020.
Конте го донесе 29-годишниот Ериксен од Тотенхем додека беше тренер на Интер и со него минатата сезона го освои скудетото, но Данецот го раскина договорот со италијанскиот клуб бидејќи не смее да игра во Серија А со вградениот ИЦД дефибрилатор.
„Беше одлично да се види на терен, како шутира топка. Тоа што му се случи во текот на летото беше многу лошо, за луѓето кои работеа со него, за тие кои го познаваат. Бев исплашен во тој момент. Сега, одлично е што сака да игра фудбал повторно. Мислам дека за Кристијан, вратата на Тотенхем секогаш е отворена“, вели Конте.