Top Sport

Реваншот Усик-Џошуа во април на стадионот на Тотенхем или на „Вембли“

Реваншот помеѓу ВБА/ИБФ/ВБО шампионот во тешка категорија, Украинецот Олександер Усик и претходниот носител на титулата, Британецот Ентони Џошуа најверојатно ќе се оддржи во Велика Британија во април, вели промотерот на Џошуа, Еди Херн.

Украинскиот левучар Усик (19-0, 13 КО) ги освои шампионските појаси од Џошуа (24-2, 22 КО) со победа на поени на стадионот на Тотенхем во септември 2021, и поради клаузулата во договорот ќе мора да ја брани титулата. Победникот од овој меч, најверојатно, го чека дуел со ВБЦ шампионот, Тајсон Фјури подоцна во 2022.

„Мислам дека реално, април е вистинскиот датум за тој меч. Секако, би требало да биде во Велика Британија, каде што има голем интерес, а Еј Џеј тренира и веќе во февруари би можел да се организира кампот. Усик сакаше меч во Украина, но мислам дека стадионот на Тотенхем или ‘Вембли’ се пореални опции“, вели Херн.

Scroll to Top