Македонскиот прволигаш Академија Пандев се раздели со тренерот Александар Васоски, кој следниот предизвик ќе го има во Сараево во Босна и Херцеговина.
Поранешниот македонски репрезентативец, претходно беше тренер и на Вардар, а сега кариерата ќе ја продолжи во еден од најпопуларните клубови во Босна и Херцеговина.
„Академија Пандев и тренерот Александар Васоски спогодбено се разделуваат. Желбата на Васоски ќе ја испочитуваме и му посакуваме големи успеси во новиот тренерски предизвик во ФК Сараево. Шефе ти благодариме на соработката!“, се вели во објавата на Академија Пандев.