Top Sport

Свирежи од трибините! Њукасл успеа да испадне од ФА купот од третолигаш!

Навивачите на Њукасл јунајтед, кои славеа кога пристигнаа новите саудиски газди на клубот, со што тој стана најбогатиот клуб на светот, денеска ги исвиркаа своите играчи, откако тие успеаја да загубат со 0:1 од третолигашот Кембриџ јунајтед за испаѓање од третото коло во ФА купот.

И покрај тоа што стартер беше нивното прво скапо засилување во „новата ера“, Киеран Трипиер, Њукасл не успеаја да дадат гол и беа казнети во 57. минута, кога Џо Иронсајд ги шокираше навивачите на „Сент Џејмс Парк“, кои како што се движеше натпреварот прво со свирежи ги „поздравија“ своите играчи, а потоа и почнаа да си заминуваат од стадионот.

ФА КУП, 1/32 ФИНАЛЕ

Борхем Вуд – Вимблдон 2:0

Кидерминстер – Рединг 2:1

Лестер – Вотфорд 4:1

Њукасл – Кембриџ јунајтед 0:1

Питерборо – Бристол роверс 2:1

Порт Вејл – Брентфорд 1:4

Виган – Блекбурн 3:2

Вест Бромвич Албион – Брајтон 1:1, 1:2 по продолженија

Барнсли – Бероу 4:4, 5:4 по продолженија

Квинс Парк Ренџерс – Ротерам 0:0, 1:1, 8:7 пенали

Scroll to Top