Маркус Рашфорд инсистира дека има „бескрајна почит“ кон преодниот менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник по извештаите за конфликти во соблекувалната на англискиот гигант, и во исто време признава дека мора да игра подобро оваа сезона.
Рангник го смени Оле Гунар Солскјер во ноември, но во играта на „ѓаволите“ не се гледа голема промена, посебно при 0:1 поразот од Вулверхемптон во понеделникот, и англиските медиуми шпекулираа дека дури 17 фудбалери се незадоволни во клубот. Рашфорд реши да го демантира ова.
„Прочитав некаде дека сум бил тивок на теренот, но што можам да кажам за да ја направам ситуацијата подобра од тоа што ќе го покажам на теренот? Сите сме разочарани со последните мечеви и посебно разочарани од вестите кои ја покриваат нашата посветеност кон менаџерот и кон клубот. Имам бескрајна почит кон тренерот и клубот и се обидувам да ја подобрам мојата игра во Манчестер јунајтед. Не сум разочаран, не сум несреќен. Дали сум разочаран од дел од моите игри? Секако дека сум. Јас сум најголемиот критичар. Стартот беше тежок, но сакам да ја докажам мојата вредност. Мојата посветеност и желба да бидам тука никогаш не треба да биде под сомнеж. Го сакам овој клуб“, пишува Рашфорд.
https://t.co/SmpwLWT4mP pic.twitter.com/1I258YvrCm
— Marcus Rashford MBE (@MarcusRashford) January 8, 2022