Фудбалската репрезентација на Сенегал, без пола екипа, во понеделник против Зимбабве, ќе го отвори Купот на Африка. Континенталниот шампионат на Африка ќе се одржува во Камерун до 6.февруари.
Сенегал, пред првиот натпревар има деветмина заразени репрезентативци, Според медиумите, се започнало со Калиду Кулибали, за кого и од Наполи потврдија дека е позитивен на коронавирусот.
Потоа позитивни тестови добиле: Едуар Менди, Фамар Диједу, Сали Сис, Баба Дијенг, Маме Тијам, Папа Сар, Нампалисо Менди и Алфред Гоми.
Барем засега нема назнаки дека натпреварот Сенегал-Зимбабве, кој на програмата е од 14 часот, би можел да биде одложен.