Top Sport

ФК Валенсија: Не ограбија во Мадирд

Валенсија, синоќа, доживеа убедлив пораз на „Сантијаго Бернабеу“. Реал славеа во 20.коло победа од 4:1.

Валенсија имаше 0:0 до 43.минута, кога Ернандез Ернандез досуди пенал за Реал. Залудни беа протестите на фудбалерите од „Местаља“, дека прекршок за најстрога казна немало.

Од пенал Бензема ја отвори серијата голови, два пати потоа погоди Винисисус, а точка на мечот стави Бензема.

По тој повод, Валенсија се огласи и на социјалните мрежи.

„Грабеж во Мадрид е нешто што се повторува“, објави клубот на официјалниот профил, со ознака на популарната серија „La Casa de Papel“.

На овој твит реагирал фудбалерот на Барселона, Џерар Пике, со јасна порака.

„Не зборувајте гласно за вакви работи, бидејќи ќе бидете казнети“.

Scroll to Top