Андриј Шевченко ќе добие отказ во Џенова. Легендарниот Украинец е пред отказ по вчерашниот пораз од Специја (0:1), во Серија А.
Шевченко не успеа да ги поправи резултатите на Џенова. Тимот под негово водство се уште нема победа во Серија А. На девет натпревари, со Шевченко на клупата, Џенова освои само три бода.
Џенова, во досегашниот дел од првенството има само една победа, 11 порази и девет нерешени резултати. Со 12 бода, тимот на Шевченко е претпоследен на табелата.
Доколку Шевченнко добие отказ, според италијанските медиуми, најмногу шанси да го наследи Давиде Балардини кој ја започна оваа сезона како тренер на Џенова.
Наводно, шанси имал и Роландо Маран, кој има договор со клубот и кој ја започна сезоната 2020/2021 како тренер на „грифоните“.