Сенегал, една од репрезентациите кои се сметаат за најголем кандидат за титулата од Африканскиот куп на нации (АФЦОН), го започнаа турнирот со драматична 1:0 победа над аутсајдерот Зимбабве во првиот меч од групата Б, и тоа со пенал во последните секунди од мечот.
Во првото полувреме, Садио Мане и Идриса Геје пропуштија големи шанси за голови, пред во 95. минута да биде досуден пенал за Сенгалците кога Мадозонгве играше со рака во шестнаесетникот.
Ѕвездата на Ливерпул, Мане не згреши за важни три поени за тимот на Алиу Сисе во групата Б, каде што уште се и Гвинеја и Малави.
Grâce à ce pénalty de Sadio Mané ?? à la 97e minute, le Sénégal s’impose 1-0 pour leur premier match dans cette CAN.#CAN2021 pic.twitter.com/umH5HAFvl8
— Liverpool actu France (@LiverpoolActuFR) January 10, 2022