Top Sport

Шрузбери воодушевени од однесувањето на Ван Дајк: ‘Ролс Ројс’ од фудбалер

Дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк беше испофален од фудбалерите и менаџерот на Шрузбери таун, откако по победата од 4:1 во ФА купот на „Енфилд“, Холанѓанецот бил во посета на соблекувалната на третолигашот.

Ван Дајк, кој беше еден од најстандардните фудбалери во состав воглавно составен од јуниорски фудбалери, решил да отиде во гостинската соблекувална и да им честита на мечот и да им го понуди својот дрес.

„Виргил ван Дајк дојде во нашата соблекувална, им честиташе на сите, го донесе својот дрес и се ракуваше со нас. Не само што е врвен фудбалер, туку е и вистински џентлмен. Многу добра лекција и искуство за моите фудбалери. Затоа си заминуваме со чувство дека ова е посебен фудбалски клуб“, изјави менаџерот на Шрузбери, Стив Котерил.

На социјалните мрежи Шрузбери го нарекоа Ван Дајк „Ролс Ројс од фудбалер“.

„Класа на теренот и надвор од него. ‘Ролс Ројс’ од фудбалер и најдобар централен бек на светот“, напишаа од клубот.

Scroll to Top