Англискиот новинар и водител, инаку страствен навивач на Арсенал, удри по топчиите по вчерашната елиминација во ФА купот од Нотингем форест, велејќи дека „се облекоа и играа како Тотенхем“.
Арсенал испадна во третото коло на ФА купот, откако не успеаја да најдат пат до голот на второлигашот, а носеа невообичаени бели дресови како дел од кампањата против насилство со ножеви во британската престолнина. Морган не беше импресиониран.
„Дали некој ве молам ќе им каже на фудбалерите на Арсенал дека ако играат во бели дресови не значи дека треба да играат лошо како Спарс“, се јави тој рано на мечот.
По крајот, тој напиша: „Облечени како Тотенхем, играа како Тотенхем. Ужасен меч“, напиша Морган.
Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед Рој Кин исто така беше критичен кон Арсенал, велејќи дека „изгледале како Реал Мадрид, но играле како клуб од локалниот паб“.
Dressed like Tottenham.
Played like Tottenham.
Dreadful performance. ? pic.twitter.com/fr0NISzyrT— Piers Morgan (@piersmorgan) January 9, 2022