Жерард Пике во последно време влезе во јавна војна со повеќе личности во Шпанија, од кој псоледниот е тренерот на Вилјареал, Унаи Емери.
Откако во текот на викендот јавно ја објави својата плата за да се докаже со новинарите на каталонската телевизија, овојпат главна тема беа пеналите во шпанската Ла лига, на кои се пожалија Валенсија и Реал Бетис на своите официјални Твитер профили.
Валенсија се жалеше дека биле „ограбени“ од Реал Мадрид и дека тоа станува „нешто што се повторува“, по што дефанзивецот на Барса Пике, на Твитер одговори: „Не го кажувајте тоа гласно, ќе ве казнат“.
Во исто време Вилјареал се жалеа што им беше поништен гол за играње на рака кога Дани Парехо ја упати топката во мрежата по одбранетиот пенал. По мечот, Емери реши да го критикува Пике, откако тој играше со рака на мечот со Вилјареал оваа сезона.
„Тоа што се случи со Пике беше јасно играње со рака и пенал, но ние го загубивме тој меч. Тој потоа и демантираше. Тоа што се случи денеска, не беше игра со рака, дефинитивно. Пике вчера на Твитер протестира за други тимови. Тоа е неискрено. Наместо да замолчи, ги лаже луѓето“, изјави Емери.
Пике пак, веднаш одговори на Твитер.
„Зборуваме за личност која три години подоцна се жали на судијата за 6:1 (Барселона-ПСЖ). Премини преку тоа, Унаи“, одговори Пике, зборувајќи за славниот камбек на Барселона против францускиот клуб кога тренер беше токму Емери.
Habla una persona que 3 años más tarde seguía quejandose del árbitro en el 6-1. Supéralo ya, Unai. https://t.co/Byzv6buO3L
— Gerard Piqué (@3gerardpique) January 9, 2022
Да се потсетиме за што зборува: