Иако повеќе пати во неговата кариера беше критикуван што не го искористи талентот со напорна работа да стигне до големи фудбалски достигнувања, талентот на колумбискиот ас Хамес Родригез е неоспорлив, како што покажа уште еднаш денеска во фудбалската лига на Катар.
30-годишниот Колумбиец, кој беше прогласен за најдобар фудбалер на СП во 2014 година, по што имаше крајно неуспешна кариера во Реал Мадрид, пред неколку месеци го напушти Евертон и потпиша договор со катарскиот Ал-Рајан, кои денеска дознаа зошто го плаќаат добро со фантастичен гол од слободен удар при 3:0 победата над Ал-Вакра. Покрај овој гол, Хамес постигна уште еден гол, а асистираше и на третиот гол за неговиот клуб.