Top Sport

Документите се спорни: Владата ќе истражи дали Ѓоковиќ лажел

Сагата околу влегувањето на Новак Ѓоковиќ во Астралија ќе потрае уште неколку дена, што значи дека неговиот настап на Австралија опен се уште е под знак прашалник. Медиумите пишуваат дека министерот за имиграција, Алекс Хок, денес нема да донесе одлука дали ќе му ја укине визата на најдобриот светски тенисер.

Ѓоковиќ, вчера, го доби судскиот спор против Владата на Австралија. Федералниот суд му ги врати документите и му ја одбри визата за престој. Ѓоковиќ, веднаш се упати кон Род Лејвер арена, каде веќе два пати тренираше.

Медиумите кои со внимание го следат овој случај, велат дека сојузната влада покренала истрага против Ѓоковиќ. Истрагата треба да покаже дали тој лажел кога го пополнувал формуларот за влез во државата.

Ѓоковиќ, при влезот во Австралија рекол дека патничкиот формулар, во негово име го пополниле од Тенискиот сојуз на Австралија. Ова значи дека Ѓоковиќ или неко друг, на образецот, означил дека во период од 14 дена пред пристигнувањето во Австралија не патувал во други земји.

Австралиските власти сакаат да докажат дека некој лажел во овој случај.

Факт е дека Ѓоковиќ во периодот од 23.декември до 6.јануари, патувал од Белград во Шпанија. Тој тренираше во Марбеља д 31.декември. Доказ за тоа се пишувањата на шпанските медиуми и снимката што на „Твитер“ ја објавија од една тениска академија.

Од министерството за имиграција, денес се огласиле само со кратко соопштение.

„Според овластувањата што ги има, министерот Хок, детално ќе го разгледа случајот. Бидејќи случајот се уште е отворен Не е добро да даваме коментари“, порачале од кабинетот на министерот со напомена дека одлуката нема да биде објавена денес.

Scroll to Top