Романија е на нозе откако францускиот магазин за сатира „Шарли Ебдо“ ја спореди нивната тениска суперѕвезда Симона Халеп како Ромка која собира старо железо.
Халеп, која стигна до титулата на Ролан Гарос минатата сабота е вистински национален херој во својата татковина, и на насловната страна на „Шарли Ебдо“ се наоѓа со трофејот во раце и со извици: „Старо железо, старо железо“.
Според Романците ова е навреда за тениската шампион, но и за ромската популација која честопати својата заработувачка ја добива преку собирање на старо железо. Ова доаѓа од магазинот кој во 2015 беше мета на терористички напад во кој загинаа 12 луѓе поради потсмевањето со исламот.
Халеп во петокот изјави дека не сака да коментира за тоа, а францускиот амабасадор во Романија изјави дека карикатурата „не го претставува француското јавно мислење“, но ја бранеше слободата на изразувањето и слободата на печатот.
Je suis Charlie, je l’ai toujours été, et le serai toujours, et ce n’est pas offenser @Charlie_Hebdo_ que de dire que parfois ils ne sont pas drôles, comme sur ce coup-là, par exemple…
Sans rancune les amis, j’aime bien le reste 😉#JeSuisSimona#JeSuisCharlie#EuSuntCharlie pic.twitter.com/bvn6Tg1rw3
— Jean Dorsans ✍ (@_JeanDorsans_) June 15, 2018