Top Sport

Крос: Не сум ги гледал многу Барса, но добро ги познаваме

Ѕвездата на Реал Мадрид, Тони Крос вели дека не ги гледал многу своите лути ривали Барселона оваа сезона пред утрешната пресметка во полуфиналето на Шпанскиот суперкуп, каде што победникот во финалето ќе игра со подобриот од мечот помеѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.

Крос во 2020 беше еден од клучните играчи на Реал кога ја освоија титулата од Суперкопа и вели дека е подготвен по третпат да го крене трофејот.

„Не сум гледал многу мечеви на Барселона во последно време, имам други работи за правење и ги гледам нашите мечеви. Но, ги познавам многу добро, знам дека имаат сомнежи во играта во моментов, но и дека имаат квалитетни фудбалери. Но, искрено, не можам да кажам што се смени под Чави“, вели Крос.

Реал се фаворити, тоа го признава и самиот Чави Ернандез.

„Гледам еден тим на Барселона кој е под изградба и Мадрид кој е во многу добра форма, иако тоа нема да значи многу утре. Сме играле со нив во сите ситуации и знаеме дека во моментов се тимот во најдобра форма во Шпанија. Иако секогаш сум самокритичен, гледам и добри работи во нашиот тим. Продолжуваме со изградбата на тимот и утре ќе имаме добар тест да видиме до каде сме“, изјави Чави.

Scroll to Top