Барселона и Астон вила ги претставија своите нови засилувања откако официјално беа потпишани договорите на Феран Торес и на Филипе Кутињо.
Торес пристигна од Манчестер сити, но Барселона имаше проблем со регистрацијата поради финансиската криза во која се наоѓа, пред ова да се регулира со добрата волја на Самуел Умтити, кој го продолжи договорот со клубот со намалена плата, и денеска младиот напаѓач беше официјално регистриран за настапи во Ла лига, пред утрешното „Ел класико“ во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија против Реал Мадрид.
И позајмицата на Филипе Кутињо го чекаше овој договор, за тој официјално да се приклучи во Астон вила како големо засилување за тимот на неговиот поранешен соиграч, Стивен Џерард. Кутињо се враќа во Премиерлигата, каде што имаше блескави настапи со Ливерпул, пред во Барселона неговиот талент да биде незабележлив.
He’s here and he’s perfect…
— Aston Villa (@AVFCOfficial) January 11, 2022
?????????? !! ✅@FerranTorres20, our new Nº 1️⃣9️⃣! pic.twitter.com/hQB3ctjW06
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 11, 2022