Египетската фудбалска мегаѕвезда, Мохамед Салах го пропушти првиот меч на неговата репрезентација – поразот од 1:0 од Уругвај, но во Грозни доби посебен подарок за својот 26. роденден, торта од 100 килограми со златна копачка.
Тортата беше доставена во хотелот во главниот град на Чеченија и е подарок од локалните фанови на Египќанецот, еден ден подоцна – роденденот на Салах беше на 15 јуни.
Останува да се види дали фудбалерот на Ливерпул ќе биде поставен во игра од селекторот Ектор Купер на вториот меч против домаќинот Русија на 19 јуни во Санкт Петербург.